Биографија

Ивица Димитријевиќ е роден 1984 во Куманово, Р. Македонија. Дипломира глума на Факултетот за драмски уметности 2007 година во класата на Валдо Цветановски. По завршување на факлутетот се вработува во НУЦК Трајко Прокопиев, Театар Куманово, и од тогаш активно е дел од сите претстави на сцената на овој театар. Покрај теататар, има глумено и во многу студенски филмови, реклами и филмови.

Покрај глума, Ивица веќе долго време свири и гитара почнувајки од Сизивс Ворк , Јоркшир на кои е и основач па потоа ХИП, за да од пред 7 годни свири во добро познатиот, Македеонски рок‘н‘рол бенд Т.Б Трачери. Исто така, е еден од основачите на интермедијалната , интердисциплинарна , непрофитна , алтернативна група Кран, која работи во сферата на културата и субкултурата, промовирајќи ја и доближувајќи ја уметноста до обичниот чoвек. Во своите ликовни перформанси, на духовит а многу често и на ироничен начин ги коментира културата и општеството во кое живееме.